Барај
Нова колекција: Битсиани со стил кон иднината!
БЛОГ

Нова колекција: Битсиани со стил кон иднината!

 

 

Почетокот на новата сезона со себе секогаш носи нови освежувања, а овие денови се чини сите се воодушевуваат од новата колекција на омилениот бренд на момците – Битсиани.

Иако во недостаток на свечени пригоди, оваа пролет момците повеќе од кога и да е сакаат да се средуваат и за состаноците што им ги носи денот, но и за секоја друга убава пригода која самите мора да ја создадеме.

Речиси и да не постои ништо подобро од она кога се чувствувате убаво одвнатре, но кога на тоа ќе му додадете совршено стилска комбинација составена од шик парчиња, тогаш сигурно ќе ви се допадне она што го гледате во огледалото.

Популарниот бренд за новата пролетна сезона понуди сосема нова и исклучително стилска колекција едноставно наречена „Forward“ со што повторно ја истакна филозофијата на Битсиани која секогаш се стреми единствено кон иднината и сето она добро што допрва треба да се случи.

Дизајнерите на брендот како и секогаш, создадоа парчиња од кои момците повторно се воодушевија, овојпат во неодоливи бои кои се одлика на она како треба да изгледа една стилска пролет.

Во истата сместија фантастични кошули изработени од материјал во кој ќе посакате да го поминете целиот ден, надополнети со модерни елеци комбинирани во неколку бои и дезени.

За оние кои пред сè бираат костими за секоја прилика, сезонава брендот нуди модернистички палта и панталони во исклучителни бои, дополнително истакнати со дезени во пруги кои секогаш потсетуваат на долга и топла пролет.

Како и секогаш, така и овојпат, тајната на успешната колекција на брендот се крие во спојот на функционалноста и беспрекорноста во кроевите, но сепак, прикажани во тренди модели за сите оние кои сакаат нешто повеќе од модата.

Без разлика на вашиот стил, новата колекција на брендот нуди сериозно добар избор, па секој ќе си го пронајде својот фаворит за оваа сезона.

Она што и овојпат привлекува е тоа што секој еден модел е вистински класик кој дефинитивно ќе ја краси секоја ваша комбинација во било која пригода, па така, речиси и да нема подобра инвестиција во моментов.

Колекцијата овојпат брендот ја претстави преку футуристичка фотосесија во која главната улога ја има моделот Џошуа Веи кој со својата индивидуалност одлично го претстави секој еден модел за новата сезона.

Парчињата од новата колекција на Битсиани можете да ги погледнете на следниот линк, но задолжително посетете ја и продавницата на брендот во Скопје Сити Мол каде ќе го најдете сето она што ви треба за стилска пролет.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

06.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.