Барај
Сите урбани парчиња од новата колекција на Timberland на -20% намалување!
БЛОГ

Сите урбани парчиња од новата колекција на Timberland на -20% намалување!

 

 

Како и секогаш, така и во новата колекција, Timberland целосно и се враќа на природата, користејќи одржливи материјали и иновативни нови технологии при изработката на урбаните парчиња.

 

Ако мислевте дека оваа среда не може да биде поубава, она што треба да го знаете е дека само денеска, ќе добиете -20% на целата колекција полна со тренди и урбани производи за уште постилска пролет.

 

Оваа сезона, дизајнерите на брендот во фокус ги ставаат светлите бои, а стилизирањето го оставаат на креативната визија на нивните клиенти кои секогаш се воодушевени од парчињата.

 

Кога сме кај шопингот во среда, денот е прекрасен за да ги посетите продавниците на Timberland во Сити Мол и Рамстор и да го одберете вашиот нов дуксер или маичка на куси ракави од мноштвото модели во новата колекција.

 

Токму таму ќе ги најдете и најновите модели на обувки, почнувајќи од впечатливите и тренди женски и машки патики, па сè до уникатните хајкерси за ден во природа и ултра удобните сандали за ден на плажа.

 

Сезонава, целосно препуштете и се на вашата креативност и комбинирајте го и она што никогаш не можевте да го замислите, но секогаш, одберете удобни парчиња за совршен ден поминат во природа.

 

Она што оваа сезона ги израдува обожавателите на Timberland е повторната соработка со брендот на познатиот музичар Pharrell Williams, Billionaire Boys Club на колекцијата едноставно наречена „The Bee Line“.

 

Во истата, чии парчиња можете да ги најдете онлајн на Fashion Group или во продавниците на брендот, урбаните момци сместија маички на куси ракави и кул дуксери со впечатливи пчели во предниот дел како мотив.

 

На следниов линк можете да ги погледнете сите производи од новата колекција на омилениот бренд и само денеска, истите да ги добиете на намалување од -20%. Одвојте време и посетете ги продавниците на Timberland и направете си ја совршената комбинација за оваа пролет.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

 

 

14.04.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.