Барај
Сите фустани за прекрасните прилики што доаѓаат
БЛОГ

Сите фустани за прекрасните прилики што доаѓаат

 

Со олабавувањето на мерките дојде нова надеж дека можеби повторно ќе се радуваме на убавите настани кои порано ни беа секојдневие, а на кои последнава година целосно заборавивме.

Токму тие настани секогаш ни беа повод да ги направиме најубавите комбинации, односно, да ги промовираме сите оние фустани во кои се вљубивме на прв поглед.

За да сме целосно подготвени за сите убавини што допрва доаѓаат, овој петок правиме преглед на најстилските фустани од нашите нови колекции кои се како создадени за оставање впечаток.

Топлите пролетни денови секогаш асоцираат на забави на отворено, па иако се чини и оваа сезона можеби истите ќе не заобиколат, сепак, дефинитивно ќе се случи некоја од помали размери.

Кога говориме за свечените прилики, спојот на елегантно и тренди е дефинитивно нешто што секогаш се истакнува, па токму такви модели на стилски фустани ќе најдете во новите колекции на секој наш бренд.

Без разлика дали се работи за роденденот на вашата најдобра пријателка или пак можеби некоја мини свадба, не двоумете се и одберете впечатлив модел на фустан во кој благодарение на неодоливите материјали, ќе се чувствувате прекрасно.

Сите модели што ги издвоивме, па дури и оние што ги гледате на следниов линк, се во неодоливи свежи бои кои се како создадени за топлите денови што се пред нас.

Дел од изборот што го гледате се и омилените за ова лето, кошула-фустани со кои никогаш нема да погрешите, а од кои мора да имате барем еден примерок во вашиот плакар.

Истите се совршени за деновите кога сакате да оставите впечаток на работното место, а немате многу време наутро, но подеднакво се привлечни и за некоја мини прослава во вечерните часови.

За сите оние пак кои секогаш и се враќаат на класиката со модерен твист, нашите брендови повторно создадоа мали црни и бели фустанчиња во кои секогаш вреди да се инвестира без оглед на сезоната.

Одберете го вашиот фаворит од нашиот избор и оставете простор за мини шопинг овој петок во кој секогаш толку уживаме!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

 

14.05.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.