Барај
Пет минималистички комбинации за секој работен ден
БЛОГ

Пет минималистички комбинации за секој работен ден

 

Речиси и да не постои потежок ден од понеделникот, но единствено вие може да направите да биде убав и во ниту еден момент да не почувствувате дека имате цела недела пред вас.

Покрај тоа што расположението секогаш е на прво место, подеднаква свежина и енергија во работната недела внесуваат и стајлинзите што ги бирате и во кои уживате секој еден ден.

Сакајќи да ви ја олесниме потрагата по комбинациите со кои никогаш нема да погрешите, а истите секогаш се потпишани како минималистички, овој понеделник ви предлагаме пет стајлинзи со кои нема да останете незабележани.

Станува збор за парчиња изработени од исклучителни материјали совршени за овој период од годината пресликани во ултра стилски модели на фустани, кошули, фармерки и здолништа како ултимативен хит за оваа сезона.

Сосема очекувано, боите што ги носиме на почетокот на топлата сезона се исклучително светли, па така, не двоумете се и купете си го пастелното фустанче и сандалите во впечатлива боја, а заборавете на сите оние темни бои што ги оставаме за студените денови.

Во нашата селекција за комбинациите одбравме и неверојатно удобни обувки кои се од исклучително значење за топлите денови, па така оваа пролет, збогатете го плакарот со стилски патики, сандали во боите на летото, па дури и потпетици за оние денови кога сакате да бидете посебна.

Почнете ја неделата со џинс и ретро кошулка, за потоа да продолжите во спортски дух со фустанче и патики, а последните денови од истата да препуштете и ги на лежерноста и елеганцијата.

Во комбинациите вметнавме и некои од омилените чанти за сезонава, а сите останати модни додатоци ги оставаме на вашата креативност која секогаш е на прво место.

Сите останати производи од нашите нови колекции, можете да ги погледнете на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

17.05.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.