Барај
Сите нијанси на бела што ќе ги обожаваме оваа пролет
БЛОГ

Сите нијанси на бела што ќе ги обожаваме оваа пролет

 

 

Иако пролетта е сезона кога речиси и да не носиме темни нијанси и целосно им се препуштаме на светлите тонови, особено се истакнува една боја што ги поврзува сите пролетни парчиња без разлика на трендовите – белата!

Без разлика дали се работи за фустан, маичка на куси ракави, па дури и шик фармерки, оваа неодолива нијанса е вистинската што секогаш треба да ја бирате пред секоја друга.

Оваа сезона, момците и девојките повторно ја обожаваат и постојано одбираат парчиња во истата, па токму поради тоа, колекциите на познатите брендови се полни бели парчиња.

Она поради што оваа боја е една од најпосакуваните во топлата сезона, се токму бесконечните можности за комбинирање на парчињата во истата, со било која друга боја од палетата и секогаш да изгледате средено и стилски.

Новите колекции на нашите брендови сезонава носат безброј парчиња во бела боја од кои можете да го одберете својот фаворит и да бидете ултра шик во секое време.

Како и минатата топла сезона, така и оваа, на пиедестал повторно се романтичните блузички и фустани изработени од деликатен материјал кои девојките ги одбираат во секое време.

Почнувајќи од класичните кроеви на кошули и маички на куси ракави, па сè до широки фустани на тенки прерамки и оние на преклоп, изборот на бели парчиња оваа сезона е едноставно неверојатен.

Иако белите парчиња не се ништо ново во модниот свет, истите одново нè освојуваат секоја сезона и нудат бесконечни можности за комбинирање.

Без сомнеж, истото ќе биде случај и оваа година, со оглед на тоа што девојките веќе ги обоија градските улици во оваа нијанса, а ако вие сте од оние кои сè уште не го одбрале своето совршено парче, на следниов линк ги имате најубавите за викенд шопинг.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

21.05.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.