Барај
Што ќе носиме на пролетните венчавки?
БЛОГ

Што ќе носиме на пролетните венчавки?

 

Со оглед на тоа што ситуацијата се чини полека се враќа во нормала, а веројатно веќе знаете дека многу наскоро повторно ќе уживаме во семејните веселби, иако овојпат во помал број, но сепак, вистинско време е да блеснеме!

Ако можеби заборавивте како се подготвувавме за овие настани, ние сме тука да ве потсетиме дека секогаш на прво место ги стававме најубавите и највпечатливите фустани и истите ги надополнувавме со најстилските модни додатоци.

Бидејќи оваа сезона на венчавки се чини е сосема поинаква од било која друга, тоа значи дека без проблем можеме да експериментираме со изборот на парчиња во кои ќе се појавиме и навидум сосема обичниот пролетен фустан да го претвориме во wow ефект.

Доволно е на истиот да му додадете сандали на висока потпетица и впечатливи обетки и да го освоите просторот кога ќе се појавите на прославата.

Иако црниот фустан во нови форми останува класика кога се венчавките во прашање, сега конечно е време да не обземе цветниот принт и интензивните пролетни бои кои секогаш се толку привлечни.

Можеби фустаните се „ѕвездите“ кога станува збор за пролетните веселби, но верувајте дека нема да погрешите и доколку одберете комбинезон во некоја интензивна боја дополнително истакнат со високи потпетици и впечатлива шминка.

Оваа сезона, вистински хит се неодоливите боемски принтови кај фустаните, а доколку на истите им ја додадете „тежината“ што отворениот грб ја носи со себе, тогаш вие сте гостинката на пролетната венчавка што ќе остави најголем впечаток.

Она што е поважно од сè останато, е со себе да го понесете најдоброто расположение на било која пролетна прослава и да уживате во веселбите што толку долго ги чекавме.

Кој е вашиот фаворит во кој ќе блеснете на првата пролетна венчавка оваа сезона? Нашите, ги гледате во продолжение!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

31.05.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.