Барај
Новата колекција на Diesel е полна парчиња вредни за инвестиција
БЛОГ

Новата колекција на Diesel е полна парчиња вредни за инвестиција

 


Веројатно и не постојат поуникатни парчиња од оние со потпис на Diesel, а новата колекција на брендот е полна токму со такви модели.

Познат по исклучителните кроеви на фармерки и ултра урбаните дуксери, дизајнерите на брендот и овојпат претставија впечатливи парчиња во кои дефинитивно ќе се истакнете.

 

 
 

 

 

 

 

 

 

Веројатно и не постојат поуникатни парчиња од оние со потпис на Diesel, а новата колекција на брендот е полна токму со такви модели.

 

Познат по исклучителните кроеви на фармерки и ултра урбаните дуксери, дизајнерите на брендот и овојпат претставија впечатливи парчиња во кои дефинитивно ќе се истакнете.

 

Комбинацијата од тотално урбан стил со лежерен шарм и овојпат се провлекува низ целата колекција, а тимот повторно огромно внимание им посветува на материјалите.

 

Како посебни во колекцијата се провлекуваат впечатливите елеци од тексас, фустаните со интересен крој, памучните маички со кул натписи, дуксерите во интензивни бои, а овојпат се чини најголемо внимание предизвикуваат обувките.

 

Сосема различно од она на што досега навикнавме, во колекциите на брендот од пред некоја сезона сме сведоци на исклучително впечатливи обувки во јаки бои, кои предизвикаа неверојатен интерес кај публиката.

 

 

Повторно, и оваа колекција е наменета за сите индивидуалци со посебен карактер кои секогаш се истакнуваат од толпата и имаат што да кажат.

Дел од колекцијата се и шик модни додатоци, претставени преку ранци со интересен принт, пешкири за на плажа, мали торбички и стилски капи за тренди изглед и заштита од сонцето.

 Подеднакво привлечни се и моделите на долна облека за момците, кои овојпат доаѓаат во интензивни бои и неодоливи принтови.

 

Оваа среда, го прогласуваме Diesel за бренд на неделата, а на вас останува кои парче ќе го одберете и ќе го привлечете сето внимание оваа сезона, но и онаа студената што допрва доаѓа.

 

 


 

 

09.06.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.