Барај
Оваа сезона се инспирираме од стилската блогерка Памела Смољаниќ
БЛОГ

Оваа сезона се инспирираме од стилската блогерка Памела Смољаниќ

 

Ако сте од оние кои уживаат прегледувајќи ги профилите на познатите блогерки, тогаш веројатно досега сте ја запознале прекрасната Памела Смољаниќ или попозната како @august_xvi.

 

Дипломирана економистка, со искуство во новинарството и ПР професијата, шармантната Хрватка е дефинитивно една од најпознатите инфлуенсерки на Балканот со соработки со сериозни брендови зад себе.

Во потрага по мала инспирација кога се комбинациите за топлата сезона во прашање, уживавме додека го разгледувавме профилот на Памела чии фотографии секогаш зрачат со еден посебен шарм и позитивна енергија.

Прекрасната Памела за себе ќе каже дека иако толку многу сака да биде спонтана, најдобро се снаоѓа кога за денот има направено добар план и се држи по него, а со оглед на нејзината професија, тоа и не е за изненадување.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога се ритуалите за убавина во прашање, таа ќе каже дека сериозно внимание посветува на нега на нејзината кожа, нешто за што смета дека телото ќе и биде благодарно за неколку години. Веројатно и поради тоа, таа секогаш изгледа толку свежо и прекрасно, а соработува и со многу познати козметички компании.

 

Што се однесува до нејзиниот стил, минимализам е можеби најсоодветниот опис за сите нејзини комбинации, но деталите со кои секогаш освојува, се нешто ултра уникатно.

 

Она на што знаеме дека ќе се израдувате, е тоа што голем дел од нејзините парчиња се навистина достапни, па без проблем можете да ги најдете истите само со малку труд.

 

 

Ова лето, Памела го „бои“ во пастелни, но и интензивни нијанси, преточени во уникатни фустани, комбинации од бермуди и кошули во ист дезен, широки палта и џинс за вечерните излегувања, но и многу бела боја како избор број еден во топлите денови.

За да ви ја олесниме потрагата по најстилските парчиња, во прилог на сите фотографии, ќе најдете линкови до вашите нови омилени парчиња, за кои можете да ни заблагодарите подоцна.

 

 


 

14.06.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.