Барај
Зошто вредеше да го чекаме 9 – тото продолжение на Fast&Furious?
БЛОГ

Зошто вредеше да го чекаме 9 – тото продолжение на Fast&Furious?

 

Со оглед на тоа што температурите во следните денови ќе бидат екстремно високи, а притоа не сте на плажа, имаме совршен предлог како да го поминете попладнето – на кино!

 

Неодамна ја гледавме премиерата на долгоочекуваното, деветто продолжение на сагата „Fast&Furious“ на големото платно и не знаевме дали повозбудлив беше филмот или самиот факт што после повеќе од една година и се враќаме на една од омилените активности – уживање во ултра добар филм во кино сала.

 

 

Настрана нашите доживувања, ако се прашувавте дали вреди да го погледнете филмот, вреди повеќе од било кој друг оваа сезона, иако оценките овојпат не се екстремно високи како што знаеја да бидат за изминатите филмови со истиот потпис.

 

Овојпат, се чини до израз доаѓа емотивната страна на Дом (Вин Дизел) која знаевме дека ја има, но истата е навистина посебно истакната со оглед на тоа што овојпат на сцената доаѓа и неговиот помал брат Џејкоб (Џон Сена).

 

Дека филмот ќе биде и повеќе од возбудлив знаевме уште во првите 20 – тина минути откако Дом и Лети (Мишел Родригез) беа повикани од нивниот мирен дом на село во спасувачка мисија, а следната сцена ги прикажа како возат по минско поле со нивните ултра бесни превозни средства и очекувано, сите остануваат живи.

 

Како и во секој друг филм досега, така и овојпат мораше да има нешто по што ќе се трага, овојпат, две половини од исклучително опасно оружје кое може да го уништи светот побрзо од било што друго, но за среќа, во последен момент, истото беше деактивирано.

 

Можеби поголем повод за разговор од овој момент беше оној кога на сцената настапија огромни, да не го употребиме зборот „џиновски“ магнети, за кои не сме сигурни дека постојат, а кои им се најдоа многупати во борбите од кои повторно излегоа како победници.

 

Фановите на филмот овојпат се чини сето внимание го насочија кон емотивната борба помеѓу браќата Дом и Џејкоб која почнува како резултат на тоа што Дом смета дека Џејкоб е виновен за смртта на нивниот татко, но сепак сосема на крај, се потврдува дека семејството е поважно од сè.

 

Овојпат, многумина се израдуваа и на тоа што на девојките им е отстапен повеќе простор од било кој друг филм досега, па ако уживавме гледајќи ја Лети како ги покажува своите способности на мотор, на големото платно овојпат се враќа и прекрасната Миа чија улога е, се чини, досега најистакната. Можеби најголема радост беше онаа кога во сосема поинакво издание се појави еден од омилените ликови кој наводно загина во 6 – тото продолжение на филмот, но сепак, Хан (Сунг Канг) уште еднаш докажа дека е непобедлив.

 

 

Сосема на крај, филмот вреди да го погледнете заради секогаш одличниот спонтан хумор што се провлекува низ сцените, а за кој секако е заслужен единствениот Тајрис Гибсон или попознат како Роман кој заедно со „Лудакрис“ важат за еден од омилените филмски тандеми.

Овој вторник ништо не може да ве спречи да и се вратите на омилената навика со локација во Синеплекс, а веќе од утре ги очекуваме вашите коментари!

 

 

 

22.06.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.