Барај
Атрактивната Маја Малнар ги носи најубавите летни парчиња!
БЛОГ

Атрактивната Маја Малнар ги носи најубавите летни парчиња!

 

Ако во некој момент ви требаше малку инспирација за комбинациите за на одмор или пак за оние за топлите викенди поминати покрај вода, атрактивната блогерка Маја Малнар го има одговорот.

 

Сите ултра стилски летни комбинации ќе ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил на кој што има повеќе од еден милион следбеници на кои секојдневно им овозможува да погледнат во нејзината реалност.

Родена во Словенија, на својот блог, Маја раскажува дека отсекогаш знаела дека патот ќе ја води кон модата, па и покрај тоа што има дипломирано економија, сепак, повеќе од очигледно е со што одлучила да се занимава.

Откако ги завршува студиите во Мадрид, таа заминува во Лондон каде живее и денеска, па за многу кратко време станува една од најпознатите британски инфлуенсерки и соработува со некои од најпознатите светски модни брендови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Токму оттаму, започнува нејзината светска слава, па денеска за неа пишуваат некои од најпознатите светски модни медиуми кои постојано се инспирираат од нејзините комбинации.

 

Судејќи според нејзиниот профил и сите јавни појавувања, Маја е дефинитивно вљубена во базичните парчиња, но истите секогаш ги надоградува со стилски модни додатоци и уникатни чевли.

 

За ова лето, Маја предлага комбинации во неодоливи пастелни нијанси и сите парчиња ги носи на ултра провокативен начин, но речиси никогаш и да не изгледа вулгарно.

 

За вечерните часови, без проблем комбинирајте ги вашите омилени палта во пастелни нијанси, но овојпат со џинс или панталони со висок струк и некој впечатлив топ како совршено летно парче.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како и на многу девојки сезонава, омиленото летно парче на Маја се бермудите кои исклучително лесно можат да се комбинираат со едноставни бели маички за преку ден, или повторно, со некој шик топ во вечерните часови.

 

Последно, таа беше дел од неверојатната забава и ревија на омилениот бренд Guess во Швајцарија, каде заедно со некои од најпознатите инфлуенсерки на денешницата, уживаа во прикажувањето на најновата колекција на брендот.

 

Ние ги пронајдовме парчиња што ќе бидат совршена база за комбинациите инспирирани од оние на Маја, па доколку сè уште размислувате што да понесете со себе на одмор, овој понеделник е совршен за шопинг!

 

 

 

 

 

28.06.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.