Почетокот на сезонските намалувања со себе секогаш носи една посебна возбуда, а особено кога дел од истите се парчињата од вашите омилени брендови.
Ако оваа сезона ги барате совршените маички на куси ракави, но и сакате навреме да се подготвите за следната сезона и да ги набавите најстилските дуксери и јакни, од денеска, во Superdry почнува сезонското намалување до -50%.
Одберете ги вашите фаворити и уште денеска, посетете ја продавницата на Superdry во Скопје Сити Мол или погледнете ги сите производи кои се дел од намалувањето во нашата онлајн продавница.
_0003_M2010289A-01C-White-Hooded-Sweat.jpg)
Првиот ден од сезонското намалување во Superdry со себе донесе голем број на кул парчиња што момците секогаш ги обожаваат, а само сега, ги добиваат по одлични цени.
Иако ќе помислите дека можеби е рано да се подготвите за студените денови што доаѓаат, имајте на ум дека парчињата на Superdry секогаш се едни од омилените и моделите ги снемува од полиците со исклучителна брзина.
Во одличната понуда на брендот овојпат се и обувките и останатите модни додатоци како ранци и торби за кои се чини е совршено време да си ги набавите и да се подготвите за супер викенд или пак годишен одмор.
_0006_198397889_897910591058491_6675546283956615323_n.jpg)
Во ниту еден момент не заборавајте ниту на ултра стилските фустанчиња со потпис на брендот како ултимативен хит што девојките го одбираат сезонава за на плажа.
Кога сме кај плажа, брендот и оваа сезона нуди супер интересни модели на костими за капење кои важат за едни од омилените благодарение на исклучителниот квалитет на материјалите и интересните модели.
Овој вторник е како создаден за шопинг на вашите омилени производи од Superdry, а истите можете да ги погледнете и онлајн и да си направите супер нарачка!