Барај
Кул шарени парчиња кои сезонава се вистински фаворити!
БЛОГ

Кул шарени парчиња кои сезонава се вистински фаворити!

 

Иако можеби најчесто во омилените комбинации ставаме парчиња во неутрални бои, ќе се изненадите ако некогаш одберете модел во шарени нијанси и колку тој истиот може да ви го разубави денот.

 

Веројатно секогаш одите со предрасудите дека можеби јаки и шарени бои не ви прилегаат добро, но мора да признаете дека ретро моделите што ги имаме во изобилие сезонава, ве натераа да размислите малку подобро.

 

Ние одвоивме неколку ултра кул шарени модели кои знаеме дека ќе ве заинтересираат, а кои можете да ги носите последните денови од топлата сезона, но да направите и шик комбинации за оние првите, студени денови.

 

 

Она што треба да го знаете кога говоривме за шарените парчиња, е дека без разлика кое и да го одберете, нема да поминете незабележано, бидејќи истите се модни фаворити веќе подолго време, а се чини така ќе биде и во следните месеци. Имајте на ум дека овој тренд ќе ја освежи секоја ваша комбинација, но треба да бидете и вниманителни со комбинирање на истите за да не изгледате смешно. Соодветно на целиот изглед, комбинацијата надополнете ја со накит и модни додатоци во можеби посмирени бои, но и некои колоритни парчиња за уште повпечатлив изглед.

Пронајдете го своето омилено парче во новите колекции и направете комбинација како никогаш досега, уживајќи во сета свежина што шарените принтови ја носат со себе.

 

16.08.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.