Барај
За големата дама по име Сабина...
БЛОГ

За големата дама по име Сабина...

 

 

 

Десетти август во историјата ќе остане запаметен како денот кога од светот си замина големата македонска актерка Сабина Ајрула – Тозија. Според досегашните информации, неповторливата актерка боледувала подолго време, а вчера со неа се збогува семејството и блиските пријатели.

 

Големата актерка е родена на 17-ти април 1946-та година во Скопје, а најголем дел од својот работен стаж го помина во Драмскиот театар, но со нејзината неповторлива појава како актерка остави печат и во многу други театри низ Македонија и светот.

Актерката секогаш пленеше со својата единствена појава, со смиреноста која и беше одлика во секоја улога, но и во приватниот живот, особено, со одмереноста со која треба да зрачи секоја дама.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Добивајќи ги секогаш најзначајните улоги, неповторливата Сабина Ајрула во својот актерски омаж остави исклучително познати ликови што ги има толкувано, приказни какви што никој друг не знаеше да раскаже, отменост со која ретко кој може да се пофали и појава каква што е тешко да се заборави.

Со секогаш внимателно одбрани, уникатни парчиња, иако навидум лежерен, стилот на актерката секогаш беше за пофалба – одмерен и сосема пристоен со исклучителни детали какви што само таа знаеше да одбере.

Нејзиниот глас пак, кој веројатно го слушате додека го читате текстот, беше толку импресивен и навистина посебен што секогаш ќе остане препознатлив и ќе остане да сведочи за тоа колку моќна беше таа. Нејзиното семејство уште еднаш потврди дека покрај импресивните актерски денови, таа водела и сосема исполнет и среќен живот со најблиските, нешто што ја исполнувало повеќе од било што. Инаку, Сабина е мајка на истакнатиот македонски режисер Вардан Тозија и сопруга на режисерот и амбасадор на Македонија во Италија, Љупчо Тозија, кој почина во 2018-тата година.

 

Со громогласен „аплауз„ Сабина ја испратија и нејзините колеги преку објави на социјалните мрежи, кои посочија дека изгубиле голема пријателка, сосема спонтана и бунтовна во секое време, единствена и голема дама, каква што само таа знаеше да биде.

За Сабина...

Фото: Глобус, Сенки 

11.08.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.