Барај
Долче и Габана со магична ревија на плоштадот во Венеција!
БЛОГ

Долче и Габана со магична ревија на плоштадот во Венеција!

 

Долче и Габана сосема во нивен стил пристигнаа во Венеција да ја претстават нивната нова колекција во рамки на Алта Мода која можете да замислите дека беше и повеќе од воодушевувачка.

 

За целиот настан уште повеќе да добие на тежина, ако воопшто некој се сомневаше во големината на истиот, како локација беше одбран плоштадот „San Marco“, место на кое досега никогаш не била одржана модна ревија.

Уживајќи во магијата на звуците од „Nessun Dorma“ испеана од неповторливата Џенифер Хадсон, познатите гости од џет-сетот постојано ракоплескаа во неверување за можеби најубавото шоу во последно време. А, можеби тоа беше така бидејќи последниве години ретко кој дизајнер направи ваков моден спектакл... Сите модели кои се појавија на импровизираната модна писта на познатиот плоштад, меѓу кои и ќерките на познатите како Хајди Клум и Пи Диди, беа едноставно магични. А и воопшто не очекувавме ништо помалку со оглед на тоа што во рамки на овие колекции, дизајнерите секогаш сакаат да го претстават она најубавото од нивната Италија, уметноста со која творат години наназад и сето наследство што оваа прекрасна земја го носи во себе.

 

Речиси сите девојки пристигнаа на плоштадот со гондола, сосема соодветно за да се вклопи во целосната слика, а подеднакво спектакуларно беше пристигнувањето и на ѕвездите од кои повторно, само таа остави најголем впечаток – Џенифер Лопез!

 Облечена во парчиња од колекцијата што дизајнерите ја претставија, таа беше олицетворение на вистинска дама вљубена во парчињата на дизајнерите.

Можеби подеднакво внимание на ревијата привлече прекрасната Шерон Стоун која за пригодата одбра полутранспарентен црн фустан што и прилегаше едноставно неодоливо.

Ѕвезда на ревијата пак дефинитивно беше ќерката на Хајди Клум, Лени Клум која изгледаше едноставно неодоливо во сино кусо фустанче со ултра впечатлив накит и круна по кои дизајнерите се и онака познати.

Сите овие издвоени моменти и дел од атмосферата и креациите ги гледате низ објавата.

 

Фото: Getty Images, Vogue, Page Six, ET Online 

30.08.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.