Барај
Тренди парчиња за враќање во канцеларија со стил!
БЛОГ

Тренди парчиња за враќање во канцеларија со стил!

 

Колку и да не сакаме да признаеме, летото полека изминува, а со тоа и нашите одмори и сите безгрижни денови кои со себе ги носат високите температури. Со збогувањето со слободните денови, веќе знаеме дека пред нас е студената сезона, а со тоа и враќањето на работа, колку и да звучи тоа тешко.

 

 

Единствен начин да си го олесните враќањето по сите авантури и исполнети летни денови се супер стилските комбинации во кои ќе се појавите, а кои сезонава е полесно да ги направите од било кога. Нашите брендови полека ги презентираат своите колекции во кои како и секоја сезона, ќе најдете ултра шик парчиња кои ќе обожавате да ги комбинирате и во кои ќе изгледате постилски од кога и да е.

 

*Палто, потпетици, чанта, фармерки

Веројатно со целата ситуација со која се чини повторно се соочуваме, некако се навикнавме на ултра удобните парчиња за работа од дома, но да признаеме, нема ништо подобро од подготвувањето на комбинации за во канцеларија на која секогаш толку и се радуваме.

Оваа студена сезона, девојките повторно им се враќаат на фустаните и овојпат ги комбинираат со шик волуменозни палта и високи потпетици или за оние што имаат можност, со стилски рамни чизми.

 

*Фустан, палто, потпетици, чанта

Никогаш не заборавајте да внесете свежина во вашите комбинации за на работа, надополнувајќи ја стилската кошула со некои впечатливи фармерки и чевли на дебела потпетица. Секако, дамите секогаш им се враќаат на елегантните панталони и оваа сезона, во име на ретро трендовите, ги комбинираат со свилени кошули и додатоци како никогаш досега. 

 

 

*Панталони, кошула, чизми, чанта, очила за сонце

Низ текстот ви предлагаме неколку комбинации како инспирација за работните денови, но и парчиња од нашите нови колекции кои се само дел од она што може да биде незаборавен шопинг.

 

 

*Фустан, мантил, чанта, потпетици

31.08.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.