Барај
Единственото парче во кое девојките инвестираат сезонава!
БЛОГ

Единственото парче во кое девојките инвестираат сезонава!

 

Веројатно и не се изненадивте многу кога ја погледнавте насловната фотографија, но секоја сезона ние мора да повториме дека кул девојките носат парчиња во пруги!

 

Истото е случај и оваа, кога Инстаграм за кратко време во првите студени денови беше преплавен со фотографии од стилски комбинации на шик девојки во кои тие ги сместија нивните омилени џемпери и блузи со пруги.

 

Она што е добро кај овој тренд е тоа што истиот е тука да остане, односно, секогаш вреди да инвестирате во парчиња во пруги бидејќи се вистински класици и по некоја сезона, повторно се враќаат на тренди листата.

 

 

Како еден од омилените модели за оваа сезона дефинитивно се издвојува предимензионираниот џемпер во пруги, особено оние со патент во предниот дел кај јаката. За комбинирање на истите не треба многу труд, па така истите се одлични за оние утра кога сакате да изгледате шик или немате премногу време, па го одбирате овој џемпер со шик фармерки, стилски мантил и чизми и уживате во денот.

Токму овие парчиња се дел од нашите нови колекции, па за да ви ја олесниме потрагата ги издвоивме најдобрите, а истите можат да бидат ваши со само еден клик!

 

02.09.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.