Барај
Модна недела Париз: Парчиња што зборуваат погласно од било кога!
БЛОГ

Модна недела Париз: Парчиња што зборуваат погласно од било кога!

 

По долга пауза, деновиве во Париз се одржува една од омилените модни недели во чии рамки светски познатите дизајнери досега ги прикажале своите најдобри колекции. Се чини така беше и сега. Очигледно паузата им влијаела подобро од кога и да е, па на пистата тие се вратија со ултра стилски колоритни парчиња, што неодоливо потсетуваа на едно дамнешно убаво време, време на вистинските дами.

 

Секако, сосема очекувано и во рамки на прославувањето на 10 годишнината во модната куќа, Оливие Рустенг ја покани неговата муза Бијонсе да им се обрати на присутните со аудио порака додека на пистата можевме да видиме некои од најпознатите светски модели.

Речиси времето како да застанало за неверојатната Наоми Кембел, Мила Јовович, Наталија Водјанова, Карла Бруни и сите дами од овој калибар, кои во минатото беа едни од најпознатите и најплатени модели во светот.

Подеднакво неповторлива ревија во Париз направи и Сен Лоран и тоа во срцето на градот со неповторливата глетка на Ајфеловата кула во позадина. На сцената видовме ултра елегантни парчиња со совршени кроеви, создадени за модерната дама која секогаш се одлучува за елеганција пред останатото.

Нешто сосема колоритно и забавно, но истовреме и супер тренди прикажа и Диор, овојпат во малку поинаков, младешки правец, но сето тоа добро испланирано за да предизвика внимание кај младата публика.

Ние одбравме некои од нашите фаворити додека модната недела во Париз сè уште трае, во исчекување на уште многу нови и возбудливи ревии кои ќе ја најават модата за следната пролет!

 

 

 

 

 Фото: Vogue, Reuters

30.09.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.