Барај
Се дотеруваме во стилот на Хојон Џунг од „Squid Game“!
БЛОГ

Се дотеруваме во стилот на Хојон Џунг од „Squid Game“!

 

Не постои човек што деновиве барем еднаш не го изговорил името на најпопуларната серија на Нетфликс на сите времиња – „Squid Game“! Иако серијата повеќепати била одбивана од многу продукциски куќи и чекала на својот момент речеси 10 години, иако со сензитивна содржина за лица над 16 и 18 години, ја освои публиката преку ноќ.

 

Покрај фантастичните актери кои ќе останат да сведочат за тоа како се станува ултра популарен со првата улога, постои една млада девојка која се чини се издвои од сите. Иако позната на модната сцена повеќе од 10 години, 27 -годишната Хојон Џунг ги освои срцата на модниот свет, па за ултра кратко време, доби повеќе од 20 милиони следбеници.

Во најголемиот дел од серијата актерите се облечени во темно зелени униформи, па речиси и да не можеме да доловиме како изгледаат, но во приватниот живот секој од нив има уникатен стил...особено Хојон која е ултра стилска.

За да ви ја прикажеме од еден сосема поинаков агол, тренди и навидум суптилна во стилот, одбравме некои од нејзините највпечатливи комбинации и парчињата ги побаравме кај нашите брендови.

 

 

Сосема минималистички, Хојон речиси секогаш се одлучува за комбинација од палто, фармерки и едноставна маичка со патики, но за појавувањата на црвениот килим кои се чини зачестија, знае да одбере и шик креација од некои од нејзините омилени модни куќи како Шанел, Селин и Луј Витон.

Оваа сезона, таа целосно им се препушти на палтата и јакните во неутрални нијанси кои и ние ги обожаваме, па затоа, во продолжение ви предлагаме подеднакво стилски и инспиративни парчиња како оние на Хојон.

 

Дека серијата е и повеќе од популарна и е на пат да стане најпознатата на Нетфликс на сите времиња, докажуваат и постојаните видеа и фотографии од познати инфлуенсерки кои се инспирираат од истата и прават супер шик комбинации.

Денеска, ве запознаваме од друг агол со прекрасната Хојон, која ќе каже дека Squid Game ја сменила на многу подобро, бидејќи конечно научила како вистински треба да се грижи за нејзиното семејство, нешто што единствено ја направила уште посилна во животот.

 

  

 

  

 

  

 

 

 

  

 Фото: HoYeon Jung/Instagram, Vogue Korea

14.10.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.