Барај
Ова се најстилските Mango парчиња што ве очекуваат во East Gate Mall!
БЛОГ

Ова се најстилските Mango парчиња што ве очекуваат во East Gate Mall!

 

На само неколку дена од големото отворање на новите продавници на Fashion Group во East Gate Mall, ви прикажуваме дел од парчињата на омилениот бренд Mango кој во трговскиот центар доаѓа со уште две нови колекции – машка и детска. Навидум минималистичка, но создадена со исклучително внимание и ултра шик детали, новата продавница на Mango во East Gate Mall ќе биде вашето омилено место за шопинг, отсега, на парчиња создадени за целото семејство.

 

Како и секогаш, сите нови колекции на брендот се направени од исклучително квалитетни материјали, во најголем дел природни, нешто на што Mango се стреми целосно да се посвети.

Оттука, за огромна почит е и нивната последна кампања во која откриваат како ги вметнуваат органските материјали во нивните колекции и колку е добро чувството, сосема на крај, нивните клиенти да се среќни и задоволни со целосно природните парчиња.

Ова и многу повеќе, ќе имате можност да го видите во новата продавница на брендот, каде за прв пат, ќе имате можност да се запознаете со ултра стилските парчиња и на нивните други колекции, наменети за момците и најмалите.

Сакајќи да ви прикажеме што може да очекувате од колекциите на брендот и да ви помогнеме околу шопинг листата, денеска ве запознаваме со некои од најстилските парчиња резервирани само за вас веќе од овој петок.

 

 

Најстилските и најслатките парчиња дефинитивно се кријат во детската колекција, па не двоумете се и овозможете им на вашите најмили топла зима, со стилските јакнички полнети со органски материјали, но и сите останати парчиња кои се вистинско уживање за студените денови што допрва доаѓаат.

Веруваме дека момците едвај ги чекаа парчињата од можеби една од најстилските машки колекции во светот, па така, од оваа недела имаат можност да блеснат во полн сјај со минималистичките, ултра шик дуксери, јакни, панталони и неодоливи модели на чевли кои чекаат на вас во East Gate Mall.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Девојките пак, веќе долго време својот стил го истакнуваат со новите парчиња од женската колекција на Mango, а оваа сезона, повеќе од кога и да е, се насочуваме кон природното, кон иднината и новите генерации со изборот на парчиња од органски материјали, преточени во нешто толку шик!

 

Погледнете дел од парчињата што веќе од овој петок, 29-ти октомври можете да си ги набавите во Mango East Gate Mall, каде ве очекуваат многу изненадувања, подароци со секоја сметка и лојалти картичка за секој следен шопинг!

 

 

 

 

 

 

 

26.10.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.