Барај
Изненадувања и подароци на отворањето на новите продавници на Fashion Group во East Gate Mall!
БЛОГ

Изненадувања и подароци на отворањето на новите продавници на Fashion Group во East Gate Mall!

 

Овој петок, Fashion Group ги отвора вратите на новите продавници во трговскиот центар East Gate Mall и најавува вистинско уживање за сите посетители почнувајќи од 10 часот, следејќи ги сите протоколи и мерки за безбедност поврзани со пандемијата Ковид – 19. Со посебна агенда, модната групација ги кани вљубениците во добриот стил заедно да ги погледнат супер стилските колекции на новите, но и веќе постоечки брендови проследени со многу изненадувања и подароци.

 

Почнувајќи од точно 10.00 часот, со посебна агенда за најмладите и многу изненадувања и подароци, ќе се отвори омилената продавница на сите родители, Okaidi, каде заедно со вашите дечиња ќе можете да ги одберете нивните омилени парчиња од новата колекција.

Веднаш потоа, во точно 10.30 минути ќе ве очекуваме во продавницата на вашиот омилен бренд за модни додатоци Parfois каде ќе имате можност да се запознаете со последните трендови кај накитот и додатоците, но и да добиете уникатен подарок со секоја сметка.

 

На уште поголема и поубава површина, уживаме во шопингот на новите парчиња во Springfield резервиран за точно 11 часот, за нешто подоцна, во 11.30 минути сите заедно одиме на добра музика и шопинг на омилените обувки во Timberland.

Не заборавајте да ја посетите и продавницата на Fashion&Friends со единствен и шик изглед, каде ве очекува забавно отворање во точно 12.00 часот и многу нови брендови кои чекаат на вас. Како алтернатива на сета онаа удобна облека на која навикнавме изминатите две години, оваа сезона во полн сјај доаѓа единствената класика прикажана преку тренди парчињата на омилениот бренд Mango, овојпат, со двојно засилување: машка и детска колекција и свечено отворање со супер музика со почеток во 12.30 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во продавницата на вашиот нов омилен бренд, со почеток од 13.30 часот ве очекува супер возбудлив настап на познати машки танчери кои со точка во стилот на „Great Gatsby“, ќе претстават дел од колекцијата на Dan John, проследено со многу изненадувања за новите клиенти.

 

Говорејќи за рафинираната естетика и стил, со големо задоволство го најавуваме и отворањето на новата продавница за софистицирани мажи – Dan John, како една од омилените на единствените Италијанци за чие чувство за мода и не би смееле да зборуваме!

Во име на заедничките дружби и одличното шопинг искуство изминативе години, ве покануваме овој петок заедно да прославиме за новите почетоци, а на отворањето на секоја од нашите продавници ве очекува подарок со секоја сметка, come back ваучери, како и подарок лојалти картичка без учество.

 

Се гледаме во East Gate Mall!

 

 

 
28.10.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.