Барај
Водечкиот бренд за италијанска козметика Kiko Milano отвори продавница во East Gate Mall
БЛОГ

Водечкиот бренд за италијанска козметика Kiko Milano отвори продавница во East Gate Mall

 

Конечно се случи и она на што многу од девојките чекаа, а тоа го потврдуваат и нивните реакции деновиве - Скопје ја доби првата продавница на италијанскиот водечки бренд за козметика Kiko Milano.

 

Под закрила на модната групација Fashion Group, познатиот козметички бренд ја отвори својата прва продавница која сосема очекувано, привлече неверојатно внимание кај присутните во East Gate Mall кои со воодушевување одбираа од производите на брендот.

Она по што овој бренд долги години е познат во Европа, е исклучителниот квалитет на производите што го потврдуваат и некои од најпознатите мејк ап артисти, а сега веќе истите се достапни и кај нас по супер цени. Девојките се неверојатно задоволни што повеќе нема да мора да патуваат во некоја од европските метрополи за да може да си ги набават производите со потпис на Kiko Milano, бидејќи отсега истите се достапни и на македонскиот пазар. Во продавницата на брендот во East Gate Mall ќе најдете повеќе од 2.000 производи кои се како создадени за да ја разубават оваа есен. 

 

 

Веруваме дека девојките особено ќе се израдуваат на големиот избор на некои од најпродаваните парчиња на брендот како долготрајните кармини по кои се познати, руменилото во форма на стик, сенките за очи во земјени нијанси, пудрата „Втора кожа“, сјаевите за усни што хидрираат и што уште не. Токму убавината на италијанските идилични пејсажи овојпат е пресликана преку новата колекција кармини и сјаеви за усни во неодоливи бои, кои се чини го предизвикаа сето внимание на отворањето. Не заборавајте ниту да ги погледнете производите за нега на кожата кои важат за едни од омилените на прекрасните италијанки, а сега е време и ние да уживаме во придобивките од истите. Сега е ред на вас да го истражите овој сосема нов свет на убавината, но и токму на време пред почетокот на празничната сезона, да ги одберете сите омилени производи за вас и вашите сакани.

Се гледаме во East Gate Mall!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

02.11.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.