Барај
Омилениот италијански бренд Dan John отсега и онлајн!
БЛОГ

Омилениот италијански бренд Dan John отсега и онлајн!

 

 

Вљубениците во стилските и уникатни парчиња, веројатно веќе дознаа дека има нов бренд во градот – исклучително софистициран, неверојатно естетски и полн стилски парчиња со кои дефинитивно ќе останете запаметени!

 

 

Да, добро помисливте! Се работи за новиот италијански бренд Dan John, последен во низата нови брендови на Fashion Group, а толку посакуван од клиентите долго време.

Доколку имавте можност да ја посетите продавницата на брендот во East Gate Mall, тогаш сигурно одбравте парче од мноштвото исклучително италијански модели, создадени да го истакнат стилот на секој маж и да го направат ултра посебен.

 

 

Покрај во продавницата, од неодамна парчињата на Dan John можете да ги најдете и на нашата онлајн страна, за уште поинтересно шопинг искуство како никогаш досега.

Без разлика дали сте од оние мажи кои обожуваат да купуваат тренди парчиња за секојдневни шик комбинации или пак работното место бара од вас софистицирана класика, во Dan John ќе ги најдете сите парчиња со кои ќе се истакнете од толпата. Нивните костими се совршен начин да ги импресионирате сите со кои ќе се сретнете во текот на денот, без разлика дали се соработниците на состанокот што долго го чекавте или дамата на вашиот живот.

Она што не смеете да го заборавите кога купувате во Dan John е да ги погледнете нивните безвременски класици, олицетворени преку култните ролки на брендот, џемперите, елеците и што уште не, кои се како создадени за стилска и топла зима.

 

 

 

 

Секако, сосема во стилот на омилените Италијанци, брендот особено внимание им посветува и на чевлите и оваа сезона ги носи најстилските за мажите со истенчен вкус, а не смеете да не ги погледнете ниту модните додатоци за совршен финиш на вашиот изглед.

Без сомнение, Dan John е бренд кој ќе остави силен печат во комбинациите на македонските момци, а од денеска, истиот е подостапен од кога и да е!

Уживајте во онлајн шопингот на најстилските парчиња за оваа сезона со потпис на брендот што толку долго го чекавме!

 

 

 

 

18.11.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.