Барај
Timberland x Stevac: Младите пренесоа кул пораки на омилените чизми!
БЛОГ

Timberland x Stevac: Младите пренесоа кул пораки на омилените чизми!

 

Во друштво на супер урбана публика, во саботата во продавницата на Timberland во Скопје Сити Мол се случи кул настан на кој македонскиот тату артист Игор Стевковски – Стевац ги пренесе пораките на младите на нивните омилени чизми.

 

 

Истите, останаа да сведочат за тоа колку супер креативни идеа има публиката на брендот и зошто истиот години наназад е еден од омилените на момците и девојките. Сосема во урбан стил, продавницата на Timberland за момент се претвори во ултра креативно катче кое дефинитивно недостасуваше во последниот период, а инспиративниот тату артист се обиде на најстилски можен начин да одговори на желбите на сите присутни. Под нивното мото Nature Needs Heroes, повеќе од охрабрувачки беше што уште еднаш се докажа колку младите се свртени кон природата и колку сериозно се грижат за големите проблеми, разменувајќи инспиративни приказни меѓу себе како дел од кампањата на брендот „Build Forward“.

„Големо задоволство ми е што денеска сме заедно со овие супер момци и девојки, кои дојдоа навистина подготвени кога е креативноста во прашање. Кога создаваш нешто за друг, мора да си комплетно фокусиран, бидејќи нема простор за грешки (се смее). Поради тоа, на некој начин можеби и малку е стресно. Потребно е секогаш да имаш систематичен пристап и тоа е тоа што не те остава смирен во ниту еден момент“, вели Игор, кој направи сериозно добри дела на чизмите што момците и девојките му ги доверија во саботата. Она што тој ќе го каже, а е поврзано и повеќе од точно за Timberland, е тоа што иако можеби во последните години брендот доби многу поголем опсег на публика, сепак, она што го задржа е моментот наречен „Street Style“, нешто што секогаш ќе го прави свој и ултра уникатен.

 

 

 

„Анализирајќи го од дизајнерски аспект, брендот е беспрекорен и етаблиран како таков, ги опфаќа сите таргет групи, што секако е за најголем респект“, додава Игор, посочувајќи им на сите кои се дел од брендот да продолжат во овој правец. Она што дефинитивно е за почит, е токму последната кампања на Timberland, која уште еднаш нè потсетува на важноста на култните жолти чизми во општеството и како истите успеаја од навидум едноставни обувки, да станат икона на стилот за многумина. Ова го докажува и фактот што токму некои од најголемите артисти во светот се дел од оваа кампања и ја раскажуваат нивната приказна поврзана со култните чизми, каде тие ги однеле во животот и зошто секој треба да поседува барем еден чифт.

 

 

Сите заедно, споделуваат инспиративни нешта од нивниот живот, нешта што ги движат напред и нешта што им помагаат да продолжат да создаваат во животот.  „Секој нов ден надвор, наоѓам нешто што ме инспирира да правам нова музика, без разлика дали тоа е некоја ситуација, нов збор, боја, улица... Кога мислам на иднината, денес е првиот ден од мојот живот. Заборави на сè што се случило претходно. Само фокусирај се на следната цел и продолжи да движиш напред“, вели Мејхем Лорен како дел од инспиративните приказни на Timberland.  Вакви и многу слични, раскажавме во саботата во вашата омилена продавница, а доколку вие сè уште го немате одбрано омилениот чифт жолти чизми, сега е сосема соодветно време да се заљубите во некој од нив и да уживате во сите креативни денови пред вас кои секогаш се полни со инспирација!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

22.11.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.