Барај
Емотивна кампања на Fashion Group потсетува на важноста на малите нешта
БЛОГ

Емотивна кампања на Fashion Group потсетува на важноста на малите нешта

 

-Што е најважно во животот...?

Овие празници, ја славиме убавината на тоа да се биде заедно со семејството, со најблиските, со сите оние кои на овој или оној начин нѝ го прават животот поубав...Овие празници целосно се насочуваме кон убавината на споделувањето, кон она што значи да се подари мало внимание, кое на некому му значи толку многу...

 

 

Кампањата на Fashion Group за 2022 година е целосно насочена токму кон потсетување на тоа колку е значајно да ја споделиме радоста со целото семејство, со особен акцент на постарите кои секогаш играат неверојатна улога во нашите животи. Оваа година, на посебен начин се потсетуваме на сите оние кои одиграле посебна улога во нечиј живот, а кои секогаш се извор на толку убави спомени.

Се потсетуваме на тоа колку малите нешта будат искрена љубов во секој од нас, колку истите нè прават подобри луѓе, колку всушност се значајни за оние кои секогаш се полни приказни...

 

 

 

Токму тие приказни, оние посебните, секогаш нè инспирираат да бидеме подобри луѓе, уште повеќе да се трудиме да допреме до сечија желба, за на крај, секој од вас да се чувствува сосема свој во одбраното.

Како што беше случај изминатата година, така и оваа што доаѓа, Fashion Group целосно ќе се посвети на реализирање на сите ваши барања како нешто најважно кон што целосно ќе се фокусираме во првите денови од Новата година.

 

 

Токму оваа реклама, сосема емотивна и уникатна, ја отсликува нашата желба секогаш вистински да допреме до нашите клиенти и да го оствариме сето она што вие си го замисливте. Во приказните на нашите клиенти секогаш се крие најголемата инспирација за нас, па токму оттаму и желбата да работиме уште подобро за да го донесеме поблизу сето она што вие си го замисливте.

Целосната реклама ја гледате во продолжение, а ние ви посакуваме уште една среќна и исполнета година! 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Она што треба да го запомниме е дека овие празници, малку треба за најубавиот подарок!

 

Токму ваквите подароци, со кои ќе ги разбудите најубавите сетила и спомени кај најблиските, сезонава ќе ги најдете во продавниците на Fashion Group, каде новогодишната магија веќе започна!

 

 

Организација и реализација: Fashion Group

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски

Фотографија: Антонио Станков

Видео: Ѓорѓи Вацев

Локација: Piazza Liberta  

14.12.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.