Барај
Camille е нашата модна инспирација за 2022!
БЛОГ

Camille е нашата модна инспирација за 2022!

 

Иако и главната актерка не нè изневери, сепак, многумина ќе кажат дека вистинската ѕвезда кога се стилските комбинации во прашање, во втората сезона Emily in Paris дефинитивно беше Camille!

 

 

Исклучително природна и апсолутно Французинка, оваа девојка ги освои срцата на многу модни брендови, иако и претходно беше супер позната во тој свет, како дел од кампањите на некои од најголемите модни куќи.

Во втората сезона на една од омилените серии за 2021 година, таа се истакнува како вистинска ѕвезда, па честопати победува кога се впечатливите стајлинзи во прашање.

 

 

Таа бира навидум едноставни парчиња, но секогаш со нешто француско во нив, а знае да ги носи како никој друг во серијата, мора да признаеме.

Почнувајќи од големи палта комбинирани со шик чизми, па сè до секси фустани кога сакате да оставите впечаток, Camille дефинитивно е нашата модна икона за годината што изминува, но и за онаа што допрва доаѓа.

 

 

 

Модната библија Вог ја прогласи за поголема модна ѕвезда од самата Емили во серијата, па веројатно не останува ништо друго освен да се согласиме со нив и да се инспирираме од нејзините стајлинзи секогаш кога ќе се двоумиме.

На речиси последниот ден од годината, ве инспирираме со некои од нејзините најдобри комбинации во серијата и ви посочуваме кои парчиња од нашите брендови совршено ќе ви прилегаат доколку ви се допаѓа стилот на Camille!

 

 

 

 

 

 

 

 

30.12.2021.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.