Барај
„All White“ комбинации за секој ден од зимата!
БЛОГ

„All White“ комбинации за секој ден од зимата!

 

Веројатно не постои друга боја која подобро ја опишува студената сезона од белата – фаворит на сите времиња, омилена кај момците и девојките секоја зима, без разлика на трендовите.

 

 

Станува збор за неодолива нијанса која му прилега секому, а со која секогаш може да оставите толку впечаток, без разлика на пригодата во која ја носите.

Оваа зима, девојките обожуваат да прават all white комбинации, па така многу често на Инстаграм профилите на познатите дами можеме да видиме стајлинг со шик бели фармерки и удобен џемпер или пак плетен фустан во светла нијанса со кул чизми во бела боја.

 

 

Таа е омилена на девојките вљубенички во минимализмот, па секогаш кога немате доволно инспирација за стилски изглед, без проблем можете да ги разгледате нивните профили и да направите слична комбинација.

Она што особено нè радува е фактот што многу трендсетерки ја прогласија белата боја за еден од омилените трендови за 2022 – та година, па доколку сè уште се двоумите кои парчиња да бидат ѕвезди на вашиот зимски шопинг, денеска ние ве инспирираме.

 

 

 

Во нашиот избор ќе пронајдете шик парчиња во бела нијанса кои ќе ви послужат во сите оние моменти кога имате дилема што да облечете за на работа или пак за свечената прилика пред вас, на која секогаш сакате да оставите стилски впечаток.

Доколку сте од оние кои баш и не се љубители на минимализмот, тогаш целосно белата комбинација украсете ја со некој моден детал или накит во интензивна боја или уште подобро, чевли што отскокнуваат од вашиот стил. 

Воопшто не двоумете се и не мислете дека белата боја е резервирана само за летните денови, туку напротив, овојпат, истата е омилена во прекрасната студена сезона.

Низ текстот, погледнете ги нашите омилени бели парчиња со потпис на некои од најпознатите брендови, а вашите фаворити одберете ги во продавниците на Fashion Group или онлајн!

 

 

 

 

 

 

 

 
04.01.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.