Барај
Добредојде за Guess Kids: Најстилските парчиња што вашите најмили ќе ги обожаваат!
БЛОГ

Добредојде за Guess Kids: Најстилските парчиња што вашите најмили ќе ги обожаваат!

 

 

Да, добро слушнавте! Конечно, кај нас пристигна детската колекција на омилениот бренд Guess, полна стилски парчиња во кои родителите и дечињата ќе се вљубат на прв поглед.

 

 

Сосема навреме пред најубавата сезона, одберете ги најстилските парчиња за лето полно шик комбинации!

Славејќи ја секогаш единствената магија на детството, брендот Guess и во оваа колекција вметна исклучително позитивни бои почнувајќи од нежна сина, па сè до бела и неодоливо розова.

Дизајнирани за посебните моменти на вашите најмили, но и за секојдневната удобност кога сè што им треба се нежни тренерки и едноставна маичка на куси ракави, колекциите на Guess се тука за да им го понудат најдоброто.

 

 

Она што особено воодушевува во оваа колекција е тоа што во истата ќе најдете и неодоливи мали слатки бебешки парчиња изработени од најквалитетните материјали, со уникатен принт за уште послатки денови.

Како и секогаш, така и во оваа колекција која за прв пат можете да ја најдете во продавницата на Guess во трговскиот центар Сити Мол и онлајн, тимот на брендот фокусот го насочува кон удобноста и функционалноста за најмалите, но во секој момент и уникатниот стил.

 

 

 

Иако можеби ќе помислите има уште многу време до летната сезона, никогаш не е прерано да се подготвиме за најубавите и безгрижни денови поминати покрај море, па така, не двоумете се и на вашите најслатки мали дами, набавете им костим за капење или супер комплет со потпис на нивниот нов омилен бренд.

Слатките момчиња пак, летото ќе го уживаат во супер шик бермуди и најудобни маички на куси ракави, па уште денеска одвојте време и погледнете ја новата детска колекција на Guess каде се кријат вистински богатства!

 

 

 

 
 
 
01.02.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.