Барај
Фармерките во кои сите ќе уживаат оваа пролет!
БЛОГ

Фармерките во кои сите ќе уживаат оваа пролет!

 

 

Колку и да имаме свој сопствен стил, актуелните трендови секогаш некако нè тераат да се заљубиме барем во едно парче што ќе ја одбележи сезоната, а кое секогаш толку многу нè привлекува.

 

 

Особено, тоа е случај со новите модели на фармерки во секоја нова сезона, кои се толку шик, што веднаш сакате да ги вметнете во некоја ваша тренди комбинација.

Меѓу најпосакуваните модели за оваа сезона дефинитивно се најдоа и нашите омилени, оние со ѕвонести ногавици, но дефинитивно се истакнува и по некој модел, вистинска класика за оние денови кога сакате нешто посмирено.

 

 

Она на што ќе се израдувате е тоа што во продавниците на нашите брендови и онлајн продавницата на Fashion Group, ќе ги најдете сите модели на фармерки што девојките ги обожуваат.

Почнувајќи од црни шик фармерки, па сè до оние со малку широки ногавици во светла нијанса и висок струк, моделите за следната сезона се навистина неодоливи.

 

 

 

Како ги носиме оваа сезона? Секогаш, тоа го оставаме на вашата имагинација во која безрезервно веруваме, но доколку ви треба мала помош, стилските плетени парчиња ќе бидат совршен сојузник на стилските модели на фармерки и првите денови од пролетта.

Не двоумете се и одберете некој од моделите за секојдневните работни обврски комбинирајќи ги со стилска кошула и впечатливо палто или пак удобен дуксер како ултимативно парче во оние денови кога сакаме да сме целосно слободни. 

Последно, без размислување вметнете некој од шик моделите фармерки и во вашите вечерни комбинации, за да се истакнете од толпата, но и да имате супер удобна вечер, а сепак, да го привлечете сето внимание.

Низ текстот ги гледате нашите омилени модели на фармерки, а сега е совршен момент да си ги одберете фаворитите и сосема подготвени да ја дочекаме сезоната што следи.

 

 

 

 
 
 
07.02.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.