Барај
Совршената комбинација за излегување со која нема да погрешите!
БЛОГ

Совршената комбинација за излегување со која нема да погрешите!

 

 

Веројатно секоја една девојка си ја знае добитната комбинација за вечерните излегувања и речиси секогаш одбира парчиња во тој правец, но постои една толку стилска, што на секоја дама супер ѝ прилега и излгеда ултра шик!

 

 

Да, станува збор за добитната комбинација составена од фустан и високи чизми со која дефинитивно нема да погрешите ако станува збор за викенд излегување.

Истата е совршено соодветна и за многу други прилики меѓу кои и пијалок со пријателките, коктел забава со колегите и што уште не, секако, секогаш соодветна на пригодата.

 

 

Она што многу од девојките го обожуваат кај оваа комбинација е фактот што спојот на фустан и чизми секогаш изгледа одлично, но и без многу труд и со малку потрошено време, ќе изгледате супер средена.

Веројатно, кога сега говориме за комбинацијата од фустан и чизми, веднаш се сетивте на црниот омилен фустан и високите чизми што ги обожувате, но црната не секогаш треба да биде избор број еден.

 

 

 

Оваа сезона, експериментирајте со боите и дезените кога сме кај стилските фустани за вечерните излегувања и без двоумење на супер сезонските намалувања набавете си чизми во некоја неочекувана боја во која ќе уживате.

Бидете супер храбри и обидете се да ги прекршите правилата кога се ваквите класични комбинации во прашање, за да изгледате уште поефектно од вообичаено!

Ние денеска ви предлагаме неколку стилски класици, но и тренди парчиња со кои знаеме дека ќе направите комбинации во кои ќе бидете единствени!

 

 

 
 
 
15.02.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.