Барај
Твојот омилен бренд Kiko Milano отсега и онлајн со супер понуда!
БЛОГ

Твојот омилен бренд Kiko Milano отсега и онлајн со супер понуда!

 

 

Нашата понуда од пред неколку месеци се зголеми за уште еден неодолив бренд, овојпат оној што толку многу го посакувавте, а на дамите им значи сè – Kiko Milano!

 

 

По отворањето на продавницата на познатиот италијански бренд за козметика, на ваше големо задоволство производите на брендот ги поставивме и на нашата онлајн продавница од каде полесно од кога и да е, можете да си ги нарачате сите фаворити.

Оваа пролет, уживајте во неодоливата понуда на брендот и посветете ѝ целосно внимание на вашата кожа, почнувајќи од комбинирање на производите за нега на лицето, па сè до оние декоративните.

 

 

Линијата за чистење на кожата на Kiko Milano, со себе носи еден поинаков гламур од сите линии досега, истакнувајќи ја важноста на сјајот што по користењето треба да го остави секој еден производ за нега.

Збогатени со природни состојки како масло од јојоба, бадемово масло и екстракт од најубавите егзотични овошја, овие производи пристигнаа точно навреме за целосно уживање во убавините што со себе ги носи пролетта.

 

 

 

Не двоумете се и истовремено нарачајте си ги сите оние сетови на шминки во кои се содржат најубавите нијанси на оваа пролет и дополнително истакнете ја вашата убавина повеќе од кога и да е. Токму овие сетови се фантастичен подарок за секоја ваша пријателка која ќе ви биде супер благодарна за изборот што сте го направиле.

Секој од овие сетови доаѓа во неверојатно пакување кое со себе носи вистински луксуз и гламур, па е уште една причина плус да биде вашиот избор за подарок веќе за следната прилика.

Создадете безброј комбинации на бои одбирајќи ги неодоливите палети на сенки во кои се состојат најубавите бои за сезоната што доаѓа и бидете повпечатлива од кога и да е. Конечно, одберете ја вашата омилена нијанса за која сите ќе говорат оваа пролет и блеснете со најубави усни како никогаш до сега!

На следниов линк, погледнете ја целата понуда на Kiko Milano за оваа пролет и наполнете ја кошничката со сите неодоливи парчиња од новата колекција за уште поубава и пошарена пролет!

 

 
 

 

 

 
 
11.03.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.