Барај
Spring Edit: Твоите омилени Superdry парчиња се тука!
БЛОГ

Spring Edit: Твоите омилени Superdry парчиња се тука!

 

Во пресрет на пролетта, совршено време е да се подготвиме за сите оние авантури кои изминатиот период останаа планирани само во нашиот нотес, чекајќи го вистинскиот момент да се остварат.

 

 

Оставајќи ги зад себе сите оние топли парчиња во кои ги направивме сите зимски фотографии, вашиот омилен бренд Superdry ја претставува новата колекција во која ќе ги најдете сите соодветни работи за правење на пролетните спомени.

Почнувајќи од спортски тенки јакни, па сè до топли дуксери за најубавите вечерни пролетни прошетки, брендот уште еднаш нѝ носи одлична колекција сосема навреме за уживање во новата сезона.

 

 

Целосно посветувајќи им внимание на соодветните материјали за целосно препуштање во сите нови авантури, во продавницата на Superdry ќе најдете и топли елечиња, патики и маички на куси ракави кои дефинитивно се едни од најстилските досега.

Дека секогаш е во чекор со вашите барања, брендот оваа сезона носи и романтични фустанчиња, шик тексас здолништа и јакни, но и сите оние спортски парчиња потребни за создавање на совршеното тело оваа сезона.

 

 

 

Првите пролетни трендови донесоа исклучителна палета на бои во кои ќе уживаме целата сезона, па токму тие се пресликани во новата колекција на брендот, а особено истакнати во неодоливо памучните маички на куси ракави за вистинско уживање.

Како и секогаш, така и овојпат, тука се и вистинските класици на брендот, како „old school“ дуксерите со натписи и волуменозните маички, па не двоумете се и не пропуштајте ја и оваа сезона за да си набавите шик парче што ќе се истакне во вашите комбинации.

Целата нова колекција на брендот можете да ја погледнете во продавницата во трговскиот центар Сити Мол, но и на онлајн продавницата на Fashion Group за сите стилски нарачки и многу повеќе!

 

 
 

 

 
 
17.03.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.