Барај
Потпетиците што ќе ги носиме цела пролетна сезона!
БЛОГ

Потпетиците што ќе ги носиме цела пролетна сезона!

 

Ако редовно ги читате нашите блогови, тогаш знаеме дека веќе сте подготвени со сите кул парчиња за новата сезона, па овој петок е совршено време да ги надополниме комбинациите и со најстилските чевли за омилената пролет.

 

 

Иако сме од оние кои одбираат удобност за дневните прошетки и работниот ден, оваа пролет решивме да ги скршиме нашите правила и да носиме потпетици во секој момент од денот!

Да, добро помисливте: Ги пронајдовме најудобните, оние во супер пастелни нијанси и оние кои се вистински хит оваа сезона. Секој од моделите што ќе ги видите, можете да го најдете во продавниците на нашите брендови, но и во нашата онлајн продавница.

 

 

Она што го обожаваме кај секој еден модел на потпетици се неодоливите нијанси кои толку многу асоцираат на најубавото годишно време, но и можат да се комбинираат со сите наши омилени парчиња.

Сега можеби ќе помислите дека во нашиот избор гледате само потпетици во впечатливи бои, но како што многупати досега споменавме, оваа пролет експериментираме со стилот во супер размери!

 

 

 

Не двоумете се и комбинирајте ги со омилениот розов костим за сите поважни состаноци на работа, со широкиот фустан за ручекот со пријателките, со омилените џинс и кошула за вечерните излегувања и со што и да помислите за стилски впечаток оваа пролет.

Секогаш толку елегантни и женствени, потпетиците се едни од омилените парчиња на дамите, а оваа сезона без двоумење им даваме предност и ги заменуваме здодевните рамни чевли токму со нив.

Во нашиот избор на омилени потпетици за оваа сезона, ставивме и вистински класици кои секогаш се добра инвестиција за женскиот плакар, па ако сè уште не ги одбравте вистинските чевли во кои ќе уживате сезонава, тогаш овој текст е добар потсетник дека петок секогаш е добар ден за шопинг!

 

 
 

 

 
 
25.03.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.