Барај
Ги менуваме матурските правила со колекцијата на Mango Man
БЛОГ

Ги менуваме матурските правила со колекцијата на Mango Man

 

Ви здодеаја сите оние еднолични парчиња кои како единствено да беа понудени во месеците кога со нетрпение чекавте да се дотерате за матурската вечер? Оваа година, тоа не е случај благодарение на новата и тотално шик колекција на новиот омилен бренд на момците, Mango Man.

 

 

За да ви ја олесниме потрагата по сите оние кул парчиња во кои ќе го привлечете сето внимание, ги издвоивме фаворитите на момците и некои од најпродаваните парчиња со кои направивме супер фотосесија преку која ви прикажавме сосема стилски комбинации.

Заборавајќи на сето она досега понудено, комбинирајте неверојатно смели парчиња со она што го нарекуваме вистинска класика, дојдовме до некои од најоригиналните комбинации кои знаеме дека ќе ви се допаднат и за кои сме сигурни дека ќе ви прилегаат и повеќе од одлично.

 

 

Кошулата со пруги повеќе не ја носиме со омилените фармерки, туку со сосема шик костим во светло сива нијанса, надополнет со кафени чевли, совршени и за секоја друга пригода пред вас.

Нешто со што никогаш нема да погрешите е целосно црната комбинација која никогаш не била повозбудлива од оваа сезона, дополнително истакнувајќи ја со стилски чевли кои потсетуваат на едни ретро времиња, а истовремено се толку модерни и кул.

Дека секогаш сме за добра класична комбинација составена од парчиња кои секогаш се вредни за инвестиција, докажува и темно синиот костим комбиниран со навидум едноставна кошула и пеперутка вратоврска во интензивна нијанса.

 

 

 

Овие предлог комбинации се составени од некои од најбараните парчиња во нашата продавница, а се само мала инспирација за матурската вечер чии спомени се секогаш вредни за паметење.

Дека оваа сезона е повозбудлива од кога и да е со парчињата од новата колекција на Mango Man, покажуваат и другите комбинации што ги подготвивме за целосно да ѝ се препуштите на слободата, а од кои знаеме дека и вие ќе ги одберете вашите фаворити.

Сезонава, време е да размислуваме надвор од кутијата, почнувајќи одвнатре, не плашејќи се да ги направиме работите за кои толку размилувавме. За тоа, дефинитивно ви требаат парчиња кои покажуваат дека не се плашите од ништо и во кои ќе изгледате подобро од кога и да е.

Ние сме подготвени за супер возбудлива пролет со парчињата од новата колекција на Mango Man, а вие?

*Колекцијата можете да ја најдете во продавницата на Mango во East Gate Mall или онлајн на следниов линк.

 

 
 
 
 

 

 

 

 

15.04.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.