Барај
Новата колекција на Dan John – одраз на префинетиот маж
БЛОГ

Новата колекција на Dan John – одраз на префинетиот маж

 

 

Ако оваа сезона сте во недоумица како да креирате кул и истовремено софистициран изглед, тогаш време е да ја погледнете новата колекција на новиот омилен бренд Dan John.

 

 

Секогаш полн свежи парчиња што го привлекуваат вниманието, новата колекција на Dan John повторно е одраз на она како треба да изгледа совршениот маж, со супер истенчен стил кој ужива во секој момент од животот.

Во истата ќе најдете претежно светли парчиња сосема навреме за почетокот и целосно уживање во топлата сезона, прикажани преку совршено скроените костими, палтата за вечерните излегувања, панталоните за секојдневните состаноци, но и шик кошулите со принт и маичките за тренди изглед.

 

 

Сега е полесно од кога и да е да ги споите тренди парчињата со оние класичните бидејќи колекцијата на Dan John ви го овозможува тоа и многу повеќе.

Додадете доза шарм на вашиот стил со модните додатоци што и во оваа колекција ги има во изобилие, а останете запаметени и по неодоливата свежина што со себе ја носат парфемите со името на брендот.

 

 

 

Како и секогаш, дизајнерите на Dan John се погрижија на момците да им понудат неверојатно чувство кога ги носат парчињата, благодарение на ултра квалитетните материјали по кои брендот е познат.

Секогаш со доза префинетост, кроевите иако супер модерни, и овојпат потсетуваат на единствената италијанска класика која секогаш раскажува неодоливи приказни.

Оваа сезона, не постои ништо попривлечно од маж што знае што сака од животот, а кога на тоа ќе му додадете шармантно парче во неутрална нијанса, тогаш имате сè што посакувавте.

Ние издвоивме некои од највпечатливите парчиња за оваа пролет, а на вас оставаме да ги одберете фаворитите и многу повеќе од тоа во продавницата на брендот во East Gate Mall и онлајн на следниот линк.

 

 
 
 
 
 
29.04.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.