Барај
Носиме стилски парчиња по примерот на Дуа Липа!
БЛОГ

Носиме стилски парчиња по примерот на Дуа Липа!

 

Дуа Липа е лице на насловната на култното модно списание Вог за месеците јуни и јули, па се чини и да нема поголема инспирација од неа оваа сезона.

 

 

Облечена во најстилските парчиња на познатите светски дизајнери чија муза стана за кратко време, таа изгледа подобро и посамоуверено од кога и да е, позирајќи за фотоапаратот на модната библија.

Во интервјуто за Вог таа посочува дека е многу возбудена што конечно може да ја види реакцијата на луѓето за нејзиниот албум што го лансираше за време на ковид пандемијата и дека е посреќна од кога и да е што нејзината музика е причина толку многу луѓе да се соберат на едно место.

 

 

Објаснува колку многу време посветува на нејзините социјални проекти за чија реализација е и повеќе од возбудена, но говори и за нејзиниот стил што значително се промени низ годините.

На Интернет изданието на магазинот, можеме да ја видиме британската пејачка како одговара на фамозните 73 прашања на Вог, откривајќи многу интересни работи за нејзиниот живот.

Посочува дека е пресреќна што е на турнеја и особено возбудена за парчињата што ги носи за кои многумина коментираат дека се полн погодок. Како што самата вели, од стајлингот за нејзините концерти секогаш бара да е удобен и да прави таа да се чувствува многу добро во него.

 

 

 

Истото се чини е и случај со нејзините приватни комбинации во кои таа секогаш вметнува нешто тренди, но секогаш изгледа дека совршено се чувствува додека го носи одбраното.

За оваа сезона, таа препорачува парчиња во многу боја и внимателно одбрани додатоци што ќе ве направат поинакви од сите останати.

Некои од нејзините највпечатливи стајлинзи сезонава ги гледате низ текстот заедно со наши предлози како да останете шик цела сезона.

 

 
 

 

 
17.05.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.