Барај
Најдобро облечените ѕвезди на Кан 2022
БЛОГ

Најдобро облечените ѕвезди на Кан 2022

 

Се чини еден од највозбудливите периоди од годината, полн гала настани, забави и премиери како никогаш досега. По двегодишна пауза од социјалниот живот, секој настан од ваков карактер се очекува со сериозна возбуда, па така беше случај и со филмскиот фестивал во Кан.

 

 

Изминатите неколку дена на црвениот килим во магичниот град можевме да видиме некои од најголемите филмски ѕвезди, но се чини една го одвлече сето внимание.

Актерката со индиско потекло, Deepika Padukone која воедно е и жири на фестивалот оваа година, изгледаше навистина неповторливо на премиерата на филмот „Armageddon Time“, а за пригодата одбра неодолива црвена креација со потпис на Луј Витон и дијамантски накит од Картие.

 

 

Низата исклучително стилски комбинации таа ја продолжи и другите денови со интересна црно-златна креација налик сари и впечатлива шминка, а подеднакво привлечна беше и во стајлингот составен од зелени панталони и свилена кошула со ултра уникатни модни додатоци.

Речиси сите останати дами одбраа подеднакво шик комбинации за премиерите на филмовите за кои допрва ќе се говори, па така Ева Лонгорија изгледаше ултра секси во две впечатливи креации, Адриана Лима го покажа трудничкиот стомак во креација на Балман, Џулија Робертс беше пример за елеганција во црн комбинезон, додека пак младите ѕвезди одбраа посмели креации во интересни бои.

 

 

 

Токму погоре споменатиот „Armageddon Time“ со Ен Хатавеј и Ентони Хопкинс чија официјална премиера се очекува кон крајот на годината се чини е најголемиот фаворит годинава, прикажувајќи една емотивна приказна од Квинс, Њујорк.

Како и секоја година, така и оваа, фестивалот го следиме со особена возбуда поради многу причини, а стилските ѕвезди дефинитивно се една од истите. Направивме мала селекција на ѕвездите кои досега покажаа најстилски комбинации на црвениот килим, па чекаме да видиме кои се вашите фаворити!

 

 
 

 

 

 

 

20.05.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.