Иако официјално како сè уште да сме далеку од летото, топлото време овие денови нè натера да ја забрзаме потрагата по летните аранжмани и да го искористиме сонцето максимално.
За сите вас кои планирате летно капење малку порано, вашиот омилен бренд Women’secret ја лансираше новата колекција костими за капење кои веројатно погодувате дека се подеднакво добри како и секоја година.
Секогаш супер уникатни, со интересни кроеви и во неутрални бои какви што само можете да посакате, брендот и оваа сезона ви нуди неодоливи модели во кои ќе се вљубите.
Оваа година кроевите се уште поинтересни од минатата, нудејќи едноделни и дводелни варијанти и за оние најпребирливите.
Фокусот на брендот и понатаму е целосно насочен кон исклучителен квалитет, па така и оваа сезона сите парчиња се направени од висококвалитетен материјал соодветен за вашето уживање на плажа, а подеднакво удобни се и сите модни додатоци што совршено одговараат со костимите.
Одберете од неодоливите и шик кафтани во интересни бои, надополнети со вашата нова омилена торба за на плажа, папучи и додатоци за коса.
Сезонава, препуштете и се на вашата имагинација и комбинирајте ги костимите и со долги кошули, со многу накит, со сандали со безброј додатоци и секогаш, многу накит!
Ние одвоивме дел од најстилските модели со кои сакаме и официјално да ја започнеме сезоната на уживање во долгите, топли денови, а вие можете да си ги набавите истите на следниов линк или во продавницата на брендот во Скопје Сити Мол.