Барај
Запознајте ја Ивона Пајиќ, нашата колешка од Women’secret!
БЛОГ

Запознајте ја Ивона Пајиќ, нашата колешка од Women’secret!

Во Fashion Group, постојано сакаме да го следиме развојот на нашите вработени и преку разговор, да ги мотивираме секогаш да ја покажат најдобрата верзија од себе.

Само на овој начин, тие целосно можат да се фокусираат на достигнување нови висини, а тоа е нешто на што секогаш се гордееме.

Со цел да ви покажеме колку вистински уживаме во соработката со нашите колеги, повторно почнуваме низа интервјуа во кои нашите вработени раскажуваат зошто е кул да си дел од компанија како Fashion Group и колку всушност далеку може да вè одведе заедничката работа.

„Желбата за финансиска независност пред крајот на студиите ме доведе до Fashion Group. Почнувајќи како Асистент на продажба, па се до Стор менаџер, покрај финансиските придобивки, компанијата ми овозможи и развивање на моите комуникациски способности, како и разбирање и исполнување на желбите на купувачите. Градењето на кариера е предизвик само по себе. Надминувањето на предизвиците со кои се среќаваш по тој пат подразбира силна детерминираност за личен развој, како и отворена двонасочна комуникација со тимот со кој работиш, одлики кои што се темел на секоја успешна бизнис приказна“, вели Ивона.            

Серијата инспиративни разговори ја започнуваме со Ивона Пајиќ, менаџер на продавницата на Women’secret во Скопје Сити Мол, која долги години ужива во можноста постојано да запознава нови луѓе чии приказни ги надополнува со парчињата на брендот.

„Желбата за финансиска независност пред крајот на студиите ме доведе до Fashion Group. Почнувајќи како Асистент на продажба, па се до Стор менаџер, покрај финансиските придобивки, компанијата ми овозможи и развивање на моите комуникациски способности, како и разбирање и исполнување на желбите на купувачите. Градењето на кариера е предизвик само по себе. Надминувањето на предизвиците со кои се среќаваш по тој пат подразбира силна детерминираност за личен развој, како и отворена двонасочна комуникација со тимот со кој работиш, одлики кои што се темел на секоја успешна бизнис приказна“, вели Ивона.

Кога ќе се дојде до саканата позиција во една компанија, можностите стануваат неограничени, а ако истата е ниво погоре од веќе постоечката, тогаш, имате задача да го пренесете сето знаење, искуство и желба за уште повеќе, на сите твои колеги.

„Кога ќе се дојде до посакуваната цел и позиција, успехот треба да служи како дополнителна мотивација да продолжиш со својот личен напредок, како и со напредокот на целиот тим како целина. Секој нов ден треба да биде исполнет со желба да се научи нешто ново, нивото на професионален и фер однос кон потрошувачите да се развива се повеќе, а желбата за личен успех да биде и желба за успех на целата компанија. Моите tips&tricks за постигнатиот сегашен и иден успех се истрајност, љубопитност, желба за тимска работа, почитување на купувачот и секако, позитивен став кон работата“.

21.06.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.