Барај
Timberland Team: Секој предизвик е можност за ново супер искуство!
БЛОГ

Timberland Team: Секој предизвик е можност за ново супер искуство!

 

Ако сте од оние кои го обожаваат физичкиот шопинг, а притоа никогаш не можете да им одолеете на парчињата на Timberland, тогаш сигурно сте го запознале тимот што со својата ведрина прави секој избор да е толку лесен.

 

 

Со оглед на тоа што речиси и да нема нешто поважно од тоа да ве пречека позитивно и насмеано лице кога одите на шопинг, веруваме дека тимот на Timberland за кратко стана вашиот омилен.

Работејќи во исклучително позитивни услови, енергијата со која сите момци и девојки зрачат е и повеќе од видлива. Она за кое што компанијата долги години се залага е сите вработени да се чувствуваат како едно семејство, а токму тоа е и првото нешто што ќе го забележите кај Timberland тимот.

Со цел да ви ја доближиме нивната приказна и да ве запознаеме со дел од исклучителните млади луѓе кои се дел од тимот, денеска читате за Јоан Божиновски и Олгица Костовска.

 

                                                                                                                                                                                                                

 

Мојата приказна во Fashion Group започнува случајно, но не и непосакувано, се смее Јоан.

„Како млад човек долго време посакував кариера во компанија како Fashion Group. Компанија што секојдневно отвора нови видици со својата стручност и можност за професионален развој и напредок. Секој предизвик за мене е можност за ново искуство тука. На крајот, успехот зависи од нас, од нашиот избор и одлуки. Целта е остварлива кога си одлучен, истраен и трудољубив“, вели Јоан.

За тоа што кога ќе се дојде до посакуваната позиција и како да се опстане во ова брзо секојдневие, тој вели дека најважно е постојано да се држиме до остварување на секојдневните активности што водат кон целта и добро да ги анализираме пречките за нивно побрзо надминување.

Успехот со себе секогаш носи некои tips&tricks вредни за раскажување, па Јоан вели дека професионалноста, совесноста и емпатијата, вклопени во тимскиот дух се работите кон кои секој треба да цели.

 












 

Убавата приказна за својата кариера со нас ја споделува и Олгица, која истата ја започнува сосема случајно со почетокот на постдипломските студии.

„Во компанија како Fashion Group со јасно поставени цели, со јасна визија каде сака да се најде во иднина, oдговорите на прашањето „Како би можеле да…” се позитивниот пристап кон работата, упорноста, задоволување на потребите на купувачите и добро сихронизиран тим кој постојано комуницира и се надополнува“, вели Олгица.

Токму овие карактеристики ја носат кон посакуваното унапредување на повисока позиција што за кратко станува уште поголема мотивација да работи на себе и својот потенцијал.

„Со креативност, амбициозност и посветеност може успешно да се одговори на сите предизвици што ги носи брзото секојдневие. Она што морам посебно да го напоменам како есенцијален фактор за успех е професионалниот пристап кон работните обврски. Исто така, силната поддршка на мојот претпоставен и на моите колеги ми ја даваат неопходната мотивација за постигнување на моите цели. Мојот успех го сочинуваат сите оние мали секојдневни успеси кои ги постигнувам кога работам со позитивен однос, ентузијазам и со многу љубов и посветеност кон работата“, додава таа.

 

 
28.06.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.