Барај
Ова се наметките со кои ќе доминирате на плажа ова лето!
БЛОГ

Ова се наметките со кои ќе доминирате на плажа ова лето!

 

Ако при секое пакување за на одмор ви недостасува место во куферот, тогаш време е да ве запознаеме со најстилското парче за оваа сезона, кое нема да ви зафати воопшто простор, а ќе бидете супер стилска секој ден.

 

 

Да, добро погодивте, се работи за лежерните наметки кои се супер друштво на секој костим за капење. Добро познати на дамите, истите сезонава доаѓаат во многу нови варијанти, а одлично е и тоа што девојките ги носат и за вечерните прошетки, комбинирани со куси тексас панталони и кул топ одоздола.

 

 

Оваа сезона се чини дека нема правила кога се моделите на наметки во прашање, па така девојките бираат од оние со реси, со впечатливи ремен, со интересен дезен, со воочливо закопчување и што уште не. Токму овие додатоци се совршени за дополнување на вашиот вечер изглед, со кој на одмор едвај чекаме да експериментираме.

Наметката долги години наназад е едно од омилените парчиња за на плажа и супер инвестиција, бидејќи најбрзо се комбинира, најчесто е направена од материјал што не се тутка, не зафаќа воопшто простор во куферот, а сепак, ќе бидете навистина впечатлива каде и да се појавите.

 

 

 

Моделите сезонава доаѓаат и како фустани што буквално се наметнуваат одозгора и веднаш имате спремна комбинација, во многу бои, меѓу кои и впечатлива сребрена, такви со шумски дезени, со мотиви од овошје и што уште не.

Како и секоја година, така и оваа, Parfois ги носи можеби највпечатливите наметки за сезонава, кои девојките обожуваат да ги носат и низ градските улици комбинирани со едноставна маичка и фармерки, но ние, овие денови ги пакуваме за уживање на плажа.

Одберете од нашите фаворити и оваа недела почнете ја со добар шопинг на парче за кое подоцна ќе нѝ заблагодарите што инвестиравте!

 

 
 

 

 

 

 
11.07.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.