Барај
Новите совршени Guess чанти се тука!
БЛОГ

Новите совршени Guess чанти се тука!

 

Ова лето, повеќе не треба да ја барате совршената чанта – истата се наоѓа во новата колекција на вашиот омилен бренд Guess и е постилска од кога и да е.

 

 

Секогаш толку тренди, но истовремено и вистински класици, чантите Guess за многу кратко време станаа омилени на македонските девојки, а има безброј причини зошто е тоа така.

Деновиве, на огромно задоволство на сите дами, во продавницата на Guess и онлајн пристигнаа нови неодоливи модели во кои знаеме дека ќе се заљубите на прв поглед.

 

 

Истите доаѓаат во неколку бои и модели, сосема навреме стилски да го завршиме летото и да уживаме во правењето на сите есенски комбинации.

Меѓу најпопуларните за последните летни денови се истакнаа мини моделите на чанти во јаки бои како сина и портокалова, а за првите студени денови ве чекаат волуменозни и во кафени нијанси.

 

 

 

Новите модели на Guess чантите повторно ги красат навидум едноставните, но многу модерни линии, како и впечатливите натписи и логото на брендот.

Одберете некој модел од оние класичните за секојдневните комбинации за на работа, или пак некој од мини торбичките за сите вечерни излегувања и посебни прилики.

Секогаш обидете се на вистинската модна комбинација да ѝ додадете доза шарм со вистинскиот избор на стилска чанта во продавницата на Guess или онлајн на следниов линк.

 

 
 

 

 

 

 
04.08.2022.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.