Барај
Каролина Гочева за MANGO во летно издание
Новости

Каролина Гочева за MANGO во летно издание

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето подготвивме низа на нови фотографии и модни инспирации за сите жени од брендот Mango.

Најпрактично парче облека за ова лето е комбинезонот! Совршен за секоја девојка, за дневни и ноќни излегувања, кои ќе ве направат да изгледате повисоко и ќе ја истакнат вашата фигура.

Освен што изгледаат тренди, комбинезоните се и многу практични! Со изборот на оваа неутрална боја на Mango ленениот комбинезон секогаш ќе имате простор за повеќе комбинации со помош на модните додатоци. Изгледот на Каролина совршено е надополнет со сламен шешир, обетки, чанта и ниски сандали со впечатливи детали.

Романтичниот, природен и женствен изглед на Каролина во целосниот Mango изглед е направен и фотографиран на различни локации во прекрасниот Охрид.

Mango и Каролина ја имаат совршената модна комбинација за ова лето!

Фотографија: Ани/Дими
Шминка и фризура: Зорица Николова
Стилист: Алмир Мили
@mango #mango #welovefashiongroup

13.08.2019.

Слични статии

13.
Aug.
2019.
Новости
Онлајн шопингот во изминатите неколку години стана толку популарен ширум светот што водејќи се по тие параметри за некое време слободно можеме да очекуваме д...
13.
Aug.
2019.
Новости
Во пролетта цутат најубавите цвеќиња...  А, пролетното будење го најавуваме во највпечатливата боја за сезоната. @karolinagocheva   Овој пат се раб...
13.
Aug.
2019.
Новости
Каролина во уште едно MANGO издание - романтичен и лежерен изглед, совршен за ова лето!