Барај
Енергичниот и незаборавен настап на Шакира и Џеј Ло
БЛОГ

Енергичниот и незаборавен настап на Шакира и Џеј Ло

Ако ви треба нешто да ви го разубави овој понеделник, тогаш на вистинското место сте. Доколку сè уште не го погледнавте настапот на Шакира и Џенифер Лопез на полувремето на долгоочекуваниот Супербол, сега е вистинско време за тоа.

Многумина ќе кажат дека она што го видовме вчеравечер беше најдоброто шоу во последните неколку години на полувремето на еден од најгледаните настани во Америка.

Се чини така и беше. Очекувано, шоуто го отвори Шакира која вчера го прослави нејзиниот 43 – ти роденден, со една од нејзините најпознати песни „She wolf“, за да продолжи во совршен ритам со танците по кои таа е позната.

Во еден момент, енергичната пејачка ја потсети публиката на некои од нејзините најпознати потези, кога со помош на јаже изведе стомачен танц, по што ја крена публиката на нозе со најпознатата, „Whenever, wherever“.

Дека може сè, докажа и со моментот на соло гитара, но и подоцна кога ја видовме на тапаните додека нејзината колешка Џеј Ло го изведуваше перформансот на деценијата.

Шакира продолжи со исто темпо кога на сцената ги покани J Balvin и Bad Bunny како едни од најпопуларните латински рапери во моментов, со кои ја изведе популарната „I Like It“ на Карди Би.

Иако многумина ќе кажат дека Шакира ја надмина Џеј Ло во вчерашниот настап, музичката дива беше подеднакво добра како и нејзината колешка.

Настапот Џенифер го отвори со неверојатен танц кој потсети на нејзиното последно филмско остварување, „Hustlers“, а многумина ќе посочат дека со истиот сакаше да ја потсети Академијата колку беше значајно таа да биде номинирана за Оскар за главна улога во филм.

Популарната 50 годишна дива продолжи во ритамот на една од нејзините најпознати, „Jenny from the block“, за чија изведба ѝ помогнаа неверојатните танчери кои беа подеднакво фасцинантни како и самите изведувачи.

Во еден момент на сцената повторно се појави раперот J Balvin со кого таа го изведе планетарно популарниот хит „Mi Gente“, за подоцна сцената да ја преземе нејзината ќерка Ема со која ја испеаја „Let’s get loud“ во присуство на фантастичен детски хор.

За време на изведбата, пејачката ги потсети присутните на нејзиното потекло со знаме од Порторико, а повеќе од очигледен беше огромниот успех на Латино-американците на вчерашното шоу на Супербол. Сите костими на музичката дива беа со потпис на Версаче, а нејзините стилисти ќе кажат дека за истото, воопшто не се двоумеле. За подготовките за полувремето, Џеј Ло во неколку наврати носеше комбинации од GUESS, со кои соработува подолго време и чие заштитно лице е на новата пролет/лето колекција

Едната 43, другата 50, Шакира и Џенифер Лопез по којзнае кој пат докажаа дека годините се само бројка и на светот му го понудија, најверојатно, најдоброто и најенергично шоу за полувреме на Супербол досега. Она што беше и повеќе од очигледно, е тоа што и тие самите, вистински уживаа во спектаклот. 

Фото извор: Reuters, Getty Images, SIPA USA, Vogue, USA Today, FOX, AFP, EPA

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

03.02.2020.

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.