Барај
Маринела Павловиќ: Во Guess, најважни нѝ се задоволните клиенти!
БЛОГ

Маринела Павловиќ: Во Guess, најважни нѝ се задоволните клиенти!

 

Серијата успешни приказни во компанијата Fashion Group ја продолжуваме со онаа на Маринела Павловиќ, бренд менаџер на еден од омилените брендови на девојките и момците, Guess.

 

 

Серијата успешни приказни во компанијата Fashion Group ја продолжуваме со онаа на Маринела Павловиќ, бренд менаџер на еден од омилените брендови на девојките и момците, Guess.

Таа е пример дека со сериозна посветеност кон она што го работиш и вистински го сакаш, за кусо време може да напредуваш и да стигнеш до посакуваната позиција.

„Мојата приказна во Fashion Group започна пред точно една година. За толку краток период, компанијата ми овозможи големо унапредување, со што се исполни мојот сон. Денес сум бренд менаџер на мојот омилен моден бренд Guess, нешто што навистина го посакував и уживам да го работам“, вели Маринела.

Сосема очекувано, новата позиција со себе носи и многу предизвици на кои секогаш навремено треба да се одговори, но истите се и нешто што нè одржува во бурното секојдневие.

„Секој почеток е тежок, но со труд и љубов кон тоа што го работите, многу лесно може да се одговори на секој предизвик и потешкотија. Многу е важна целта кон која тежнееме, а за исполнување на таа цел потребна нѝ е беспрекорна соработка и добар тим со кој ќе соработуваме и ќе се разбираме“, додава таа.

 










 

 

 

За тоа како да се опстане во ова брзо секојдневие и да се остане на саканата позиција, Маринела ќе истакне дека токму трудот и посветеноста си го прават своето, а од исклучителна важност е никогаш да не се поставуваат граници, затоа што секогаш можеме многу повеќе од она што го мислиме.

„Со напорна работа и секојдневно учење на нови нешта ние постојано се надоградуваме. Само на тој начин можеме да одговориме на потребите на нашите клиенти, а токму задоволните клиенти во Guess нѝ се најголем приоритет“.

 

 

 
25.08.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.